
Со денешното свечено доделување на еднократната парична помош за родителите кои во последните три месеци добиле принова, бројката на доделени ваучери се искачи на 511.
Општина Кисела Вода на овој начин сака да им излезе во пресрет на сите семејства кои одлучиле да го зголемат бројот на дечиња.
Одлуката која беше донесена пред една година на барање и лична заложба на градоначалникот на општината Билјана Беличанец-Алексиќ, а потврдена од Советот на општината, ќе продолжи да се применува се до крајот на мандатот на градоначалникот.
Денеска беа доделени 48 нови ваучери за новородените деца од овој дел на градот и уште еднаш беше упатен апел до сите родители кои ги исполнуваат критериумите, да ги достават документите до општинската администрација и со тоа и тие да стекнат право на еднократна парична помош од општина Кисела Вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


