| четврток, 6 декември 2018 |

Секс и муабет – двете најбитни нешта за успешна врска

sad-couple

Велат за успешна врска се потребни две работи – да ви оди муабетот и да имате добар секс. За да ја задржите близината со партнерот и романтиката во врската, многу е важно да имате квалитетен секс. Но ако сексот во вашата врска е лош, не морате веднаш да ја раскинувате врската. Доволно е малку труд за да се вратите на вистинскиот пат и да останете во врска со партнерот.

Мажите понекогаш не внимава дали неговата партнерка ќе доживее оргазам, но тоа не значи дека се себични. Честопати се работи за несигурност. Треба да му покажете на партнерот дека и на вас ви е важно да дожиевеете оргазам. Посочете му и на кој начин најлесно ќе го постигнете тоа.

Понекогаш се случува сексот во долгите врски да стане здодевен, бидејќи партнерите се плашат да експериментираат. Многу е важно на партерот да му покажете што сакате и дека не се срамите од тоа. Без оглед на тоа колку долго сте во врска, ослободете се од стравот и испробајте нови работи.

Недостигот од секс можеби е едноставно последица од други проблеми што ги имаат партнерите во животот. Можеби сте под стрес, па сексот ви е последна работа на која помислувате.

Ако мислите дека го имате овој вид проблем, потрудете се да разговарате со партнерот и да сфатите во што е проблемот. Можеби сексот не ви е лош, туку и двајцата сте под голем стрес, па не се ни трудите кога се работи за сексот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top