Светски познатата милионерка и старлета, поќерка на милијардерот Рандолф Аперсон Херст,Фабиола Беракаса (38) престојува во Дубровник каде в петок ќе го изговори судбинското „ДА“ на својот избраник, инвестицискиот банкар Џејсон Бекмен со кого ја има петгодишната ќерка Анастасија.
Фабиола во Дубровник пристигнала минатата недела, а е забележана на концертот на Дубровничкиот симфониски оркестар. Богатата наследничка веќе се пофалила со фотографии од Дубровник на својот Инстаграм-профил.Подготовките за претстојната венчавка се во полн ек.
Во историското јадро на Градот е поставен шатор пред Катедралата, маси, столови пред театарот „Марин Држиќ“ кој за оваа пригода е изнајмен и ќе послужи како ресторан. На пописот на гостите на оваа џет-сет венчавка помеѓу останатите се и холивудските ѕвезди Анџелина Џоли (39) и Леонардо до Каприо (39), пишува порталот Дубравачки.хр.
Не се знае дали и Бред Пит ќе присустува на гламурозната венчавка. Во плејадата од познати гости ќе се најдат и Маргарита Мисони, внуката на основачот на модното царство, како и наградуваниот британски ди-џеј Марк Ронсон, кој работел со Ејми Вајнхаус и Бруно Марс.Младенците за гостите резервирале најлуксузни апартмани во дубровничките хотели „Ексцелзиор“ и „Белви“ како и во вилите „Орсула“ и „Агава“. Гостите во Дубровник ќе пристигнуваат со приватни авиони од Лондон и со чартери од Мадрид.
Фабиола наводно изразила желба на денот на својат венчавка таа да биде единствена невеста во Дубровник. На својот пат од „Ексцелзиор“ до палатата Спонза во која ќе се одржува церемонијата не сака да „налета“ на жена во венчаница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се премислија-Џоли и Пит сепак не се разведуваат?
-
Џоли до мајките од Сребреница: Криминалот не смее да се заборави!
-
Ѓуро објави фотографија со Анџелина Џоли на „Фејсбук“, а одмаздата на неговата сопруга на „Инстаграм“ беше фотографија со…
-
Платила 25 милиони долари: Погледнете го новиот дом на Анџелина Џоли (ФОТО)



