| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија доби препорака за кандидатски статус

Европската комисија даде позитивен извештај за напредокот на Албанија и препорача Советот на министери на ЕУ да ѝ дадe кандидатски статус.

Ова, како што јави дописникот на МИА , е најкусото резиме од денешниот престој на еврокомесарот за проширување Штефан Филе и неговата средба со премиерот Еди Рама.

– Албанија продолжи со спроведување на неопходните реформи кои се поврзани со ЕУ, поточно со кандидатскиот статус, забележи значајни легислативни реформи во борба против организираниот криминал и позитивни резултати во борбата против шверцот со дрога и други сериозни област и има потреба за длабоки реформи во правосудството, кои ќе бидат одлучувачки во борбата проитв корупцијата, стои меѓу другото во извештајот за напредкот.

Врз основа на заклучоците во извештајот, Комисијата препорачува Советот на ЕУ да ѝ даде на Албанија кандидатски статус без никакво двоумење.

Оценувајќи ја препораката како добра вест за сите Албанци, премиерот Рама, меѓу другото, се заложи и за дијалог со опозицијата.

Албанија доби препорака од ЕК и во октомври 2013 година, но пет земји-членки на ЕУ – Германија, Франција, Велика Британија, Данска и Холандија, побараа одлагање на препораката за јуни годинва. Албанија се надева дека овие земји нема да го преземат истиот чекор затоа што досега тие не искажале резерва по ова прашање за Албанија.

Советот треба да ја донесе препораката на 23 јуни.

На позитивната препорака експресно реагираше опозициската Демократска партија, констатирајќи дека тоа е плод на работата на демократската Влада на поранешниот премиер Сали Бериша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top