Џастин Бибер само што се извини поради расистичкиот испад од пред пет години, во јавноста излезе со уште едно видео во кое ги изговара зборовите „nigg..“ кои се сметаат за голема навреда врз основа на расната припадност.
Во новото видео, кое трае 24 секунди, Џастин зборовите на неговата песна „One Less Lonely Girl“ ги промени во „One Less Lonely Nigg…“ и пее за тоа дека ќе се придружи на Кју Клус Клан.
Британското списание „Сан“ ги објави двете видеа. Бибер ги снимал додека имал 15 години. Откако првото видео излезе во јавноста, пејачот се извини поради детското однесување.
Песната „One Less Lonely Girl“ ја напиша Ашер (35), кој е ментор на Бибер и досега беше секогаш покрај него без оглед на неговото проблематично однесување, но овој пат одби да застане во негова одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


