Предупредувањето за токсините во млекото, или пронаоѓањето на коњското месо низ Европскиот континент не се реткост. Растечкиот број на производи на пазарот со опасни и токсични содржини ја натераа Европската Комисија да размислува да воведе поголема контрола и строги правила што може да се најде во продажба. Лани по контролите на тоа што се може да се купи низ продавниците, заради опасни материи имаше 2000 предупредувања. Дури 200 предупредувања се случија годинава. Тука се сметаат и играчки направени со забранети хемикалии и небезбедни играчки за деца. Според новите правила, секој непрехрамбен производ кој што би се пласирал низ ЕУ ќе мора да носи ознака од која земја потекнува и адреса на производителот. Европската комисија смета дека се работи за пазар од една милијарда годишно, а во тоа не е пресметана храната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.