Во Македонија годишно умираат по околу 200 бебиња веднаш по раѓањето и во првата недела од животот, а новороденчињата од необразовани мајки кај нас умираат трипати повеќе отколку кај оние што завршиле училиште.Оваа бројка дури и се зголемува во последните неколку години и изнесува 15,9 спрема 4,7 починати на 1.000 живородени бебиња, потврдуваат од Заводот за заштита на деца и мајки, пишува весникот „Дневник“.
Иако се намалува смртноста на доенчињата, бројките се релативно високи – само од јануари до април годинава починале 56 бебиња, а во 2013 година просечно 9,8 на 1.000 доенчиња. Во Европа оваа смртност е двојно помала. Просечно по околу пет новороденчиња умираат на 1.000 живородени деца.
– Kај доенечката смртност најчести причини се предвременото раѓање, овие бебиња се со ниска родилна тежина под 2.500 грама, а важен фактор се и вродените аномалии. Помалку влијаат и инфекциите откако бебето ќе се роди, тие се пренесени од мајката, а најчесто се јавуваат на белите дробови кај новороденчето. Доенчето може да почине и поради тешко породување или поради долго траење на породувањето. Една од најчестите причини за смрт кај новороденчето е ниската родилна тежина, така е и кај нас и во европските земји – појаснува д-р Бранкица Младеновиќ, раководителка на Заводот и додава дека овој просек кај нас е сличен со тој во земјите во регионот, Албанија, Србија, Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повеќе од 100.000 долари за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата (видео)
-
Од денеска пријавувањето на новороденчиња во Скопје ќе се врши на едно место
-
Фрапантни бројки: За три месеци починале 64 новороденчиња
-
Оваа пекара има ѕид полн со бебешки фотографии, причината е одлична! (ФОТО)