| четврток, 6 декември 2018 |

Хашко обвинителство: двајца српски гардисти се убиени дека го виделе Ратко Младиќ

gardisti srbijaХашкиот обвинител на судењето на Ратко Младиќ пред трибуналот сугерирал дека двајца гардисти на југословенската војска во 2004 година во касарната Топчидар бииле убиени затоа што го виделе генералот кој таму се криел.

Тврдењето на обвинителот предизвикал гласен протест на Младиќ на кого од претходно му е забрането гласно да зборува, по што судиите наредиле да биде отстранет од судницата. Што негодувал Младиќ кој е обвинет за геноцид над несрпското население во БиХ не можело да се чуе од галеријата за јавноста затоа што микрофоните биле исклучени.

Застапникот на обвинителството го изнел тврдењето дека Младиќ е одговорен заобиството на гардистите за време на вкрстеното испрашување на сведоците на одбраната Драган Лаловиќ, командант на единицата на војската на Р. Српска која од 1997 до 2001 година го обезбедувала генералот.  Тогашниот полковник Лаловиќ претходно потврдил дека Младиќ од март 1997 година живеел во својот стан во Белград и дека повремено одел во воени објекти на војската на Југославија на планината Рајац и во Стругари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top