Фирмите многу малку знаат за можностите што им се нудат со фондовите на ЕУ. Капацитети за користење на фондовите ќе ги подобруваат во соработка и заедничка поддршка при аплицирање со државни институции, општини, невладин и академски сектор.
Прв чекор за идните активности е денеска потпишаниот конзорциумски договор за стратешка соработка за директни ЕУ фондови за периодот 2014-2020 година. Првата апликација ќе биде за КОСМЕ програмата за подобрување на капацитетите на мали и средни претпријатија, со буџет од 2,3 милијарди евра. На расплагање е и Рамковната програма за истражување и иновации (HORIZON 2020), со буџет од 80 милијарди евра.
Македонскиот конзорциум го сочинуваат општините Гази Баба и Тетово, Централниот регистар на РМ, Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Универзитетот на ЈИЕ, ЕМКИЦЕ-Центарот за ЕУ фондови и иновации, … Дел од соработката може да биде секој правен субејкт регистриран во Централен регистар. Меѓу странските партнери и поддржувачи се Европската мрежа на бизнис ангели, Европската мрежа на бизнис
иновациски центри, Европскиот бизнис акцелератор и други.
– За жал, само говориме за ЕУ фондовите и можноста за нивно користење. Треба веќе и практично тоа да го правиме. Денешниот настан е прв пример во Македонија за поголем конзорциум со повеќе институции од приватен, јавен, невладин и академски сектор. Само така можеме да очекуваме да искористиме дел од ЕУ фондовите, затоа што ако настапуваме сами можностите се многу помали – изјави Тони Трајковски, градоначалник на Општина Газа Баба, еден од потписниците на договорот.
Општина Гази Баба, најави, ќе се вклучи со неколку проекти пред се за поддршка на микро, мали и средни претпријатија.
– На бизнис форумот што го организиравме во декември минатата година видовме дека многу малку компании знаат за ова. Поголемите компании
имаат по некоја информација и имаат и сектори за тоа, но за жал микро, малите и средните компании немаат ниту програми ниту вработени за следење на фондовите, ниту пак план како ќе се движи компанијата во иднина и каде би можела да аплицира за добивање средства – појасни Трајковски.
Според ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика, преку ЕУ фондовите се на располагање моќните финансиски инструменти, со заеднички опфат од 89 милијарди евра, но важно е да се подобри конкурентноста за да се пристапи до финансиите.
– Добрата вест е што Македонија е партнер во овие инструменти, но другата вест е дека мора да бидеме конкурентни за да имаме пристап кон овие фондови. Таа конкурентност не може да се направи сама, туку во соработка со многу институции, општините, невладиниот сектор – рече Дика.
Поддршка за малите и средни претпријатија во проектот ќе нудат и Агенцијата за поттикнување развој во земјоделството и Њу менс бизнис акцелераторот.
– Ќе помагаме при реализација на проекти за истражување и развој во малите и средни претпријатија, со оглед дека компаниите кај нас немаат капацитети во овој дел. Дополнително и вклучување странски партнери од Америка кон инвестиции во помали компании од Македонија, старт ап
компании, кои би можеле да ги отворат студенти на завршни години и да почнат свој бизнис – изјави Ирена Чаушевска, директор на Њу менс бизис акцелератор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот