| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, петмина повредени во поплавите во Русија

Heavy rainfall in Moscow

Едно лице загина, а петмина се водат како исчезнати во поплавите во руската Алтајска Област, соопшти шефот на регионалната полиција Олег Торубаров.

Тој истакна дека полицајците ги преземаат сите мерки за спречување на кражбите во 14 поплавени населени места.

Во некои делови од сибирската Алтајска Област се уште се поплавени илјадници станбени згради, но нивото на надојдените води веќе се намалува и сега со опасност од поплавување се соочува градот Барнаул, кој се наоѓа подолу по течението на реката Об.

Над 20 илјади лица се евакуирани по природната непогода во Сибир, соопшти Националниот центар за управување со кризи при руското Министерство за вонредни состојби.

Поради поројните дождови од 27 до 31 мај нивото на водата во реките во Хакасија, Тува и Алтај се зголеми над критичното. Делумно се поплавени 78 населени места и речиси 7.500 станбени објекти. Во регионот е објавена вонредна состојба.

Најтешка е состојбата во Алтајската Област. Во републиките Тува, Хакасија и Алтај ситуацијата се стабилизира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top