| четврток, 6 декември 2018 |

Дождлива јунска недела

denes-vremeto-pretezhno-sonchevo-so-lokalna-oblachnost-93589

Д0ждот продолжува. Денот го почнавме дел со сончево време (охридско-преспански регион), а дел со дождливо време. Според прогнозата на Метеопро, во текот на вечерта ќе има тренд на намалување на облачноста над земјава.

Вторник ќе биде за околу 2 Целсиусови степена  – 3 Целсиусови степени  потопол во однос на понеделник. Максималната температура низ котлините генерално ќе биде во границите од 22 до 26 Целсиусови степени. Денот ќе почне со мала облачност и повеќе сончеви периоди. Но, попладне и вечер на повеќе места во земјава ќе има зголемување на облачноста и појава на дожд.

В среда температурата ќе биде нешто пониска во однос на вторник, и ќе достигне максимална вредност во границите од 20 Целсиусови степени  до 24 Целсиусови степени. Денот ќе помине во претежно облачно време со повремен дожд.

Четврток носи потопло време и „скок“ на температурата за околу 4 Целсиусови степени во однос на среда. Максималната вредност на температурата на воздухот ќе биде во границите меѓу 24 Целсиусови степени и 29 Целсиусови степени. Претпладнето ќе биде претежно сончево, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност, односно развој на облаци кои ќе донесат краткотраен дожд и грмежи.

Услови за појава на локална нестабилност ќе има и в петок попладне. Температурата ќе биде слична на таа од четврток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top