Европскиот комесар за енергија Гинтер Етингер оцени дека изградбата на гасоводот Јужен тек не може да напредува ако Русија не го промени ставот кон Украина.
– Ќе ги продолжиме преговорите кога нашито руски партнер повторно ќе се придржува кон меѓународното право и ќе биде подготвен на конструктивна соработка на база на нашиот закон за енергија – рекол Етингер за „Франкфуртер алгемајне зонтагцајтунг“.
Тој оценил дека преговорите не би вродиле со плод во моментот поради ситуацијата на истокот на Украина и руското непризнавање на властите во Киев.
Гасоводот Јужен тек, кој чини околу 16,5 милијарди евра, ќе биде долг 3,6 километри и ќе ги поврзува Русија со Западна Европа низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



