Суспензијата од три средби поради лоша арбитража на мечот Задар-Широки од Јадранската кошаркарска лига не и попречило на ФИБА, па најдобриот македонски судија Александар Милојевиќ повторно е делегиран како еден од делителите на правдата за следното Европско кошаркарско првенство во Словенија. Милојевиќ кој неколку години по ред е наш најценет судија има искуство од настапи на двете последните ЕП во Полска и Литванија.
–На мојот успех големо влијание има и одличниот пласман на нашата репрезентација на последниот Евробаскет. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата-рече скопјанецот за МКФ.
Милојевиќ сигурно нема да суди средби од Б групата во Јесенице бидејќи во неа настапува нашата машка кошаркарска репрезенатција. Во неа од 4 до 22 септември не очекуваат дуели со Црна Гора, Литванија, Србија, БиХ и Летонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


