Денеска во 13:30 часот ќе се отвори првото кафуле за жени во с. Камењане. Кафулето се наоѓа на главниот пат, на 50 метри јужно од старата општинска зграда.
Отворањето ќе се одбележи со кратки говори од Медина Синани, сопственичката на кафулето, Хазби Идризи, градоначалник на општина Боговиње, Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово и Мери Џо Волерс, сопруга на амбасадорот на САД во Македонија. По официјалниот дел ќе следува коктел.
Медина Синани го започна својот бизнис со помош на грант од иницијативата на УСАИД за поддшка на жени претприемачи. Кафулето ќе вработи неколку локални жени и ќе нуди дополнителни услуги за бизниси предводени од жеви во регионот.
Кафулето ќе служи за друштвени и бизнис средби за локалните жени, но исто така ќе служи и како изложбен простор за пекарски производи и рачни изработки произведени од жените во регионот.
Пред церемонијата, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, општина Боговиње и Здружението за локален рурален развој ќе потпишат меморандум со кој официјално ќе стапат во партнерство за поддршка на жени претприемачи во Полог.
Меморандумот ќе се потпишува во 13:00 часот во старата општинска зграда во Камењане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.