| четврток, 6 декември 2018 |

Јуни стартува со облаци и слаб дожд

umereno oblasno

Јуни го започнуваме со умерена облачност низ земјава. Попладне и во дел од вечерта ќе има појава на слаб повремен дожд во западните и северните делови од земјата. Постои можност за ретка појава на грмежи во југозападниот регион.

Минималната температура како и претходните денови во поголем дел од Македонија како ќе има вредност во границите од 10°С до 14°С.

Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе има вредност околу 19°С се очекува во котлините во западниот регион, и околу 21°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална до 25°С.

Скопскиот регион очекува променлива облачност, но со доста сончеви периоди. Попладне и вечер ќе има услови за слаб повремен дожд. Минималната температура ќе има вредност околу 11°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 22°С.

Подетално на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top