
Младен Ќуриќ, редовен професор на Инситутот за метеорологија на Факултетот за физика во Белград тврди дека доколку ги послушале ОН пред 24 години, немало да се случи оваа катастрофа. Ќуриќ, на кого специјалност му е физиката на облаците кои доведуваат до формирање на врнежи, знаел дека Србија ја стигнала казната за негрижата од 1990 година.
-Во 1990 година Обединетите нации на своите членки им ги соопштија резултатите од триесет годишно истражување спроведено од 1960 до 1990 година. Во извештајот предупредија дека најголема опасност за животите и имотите имаат атмосферските непогоди, од кои 90 отсто се силни циклони, торнада, урагани, снежни бури, поплави, силни ветришта, топлотни бранови, а само десет отсто на земјотреси и вулкани – изјавил Ќуриќ за српски Телрграф.
Професорот Ќуриќ кажал дека ОН ги советувале земјите да изработат проекти во кои експертите ќе ги проучуваат елементарните непогоди што се случувале, и со тие резултати и податоци би можеле да ги најавуваат идните. Но, во Србија никој тоа не го сфатил сериозно.
-Сето ова што ни се случи не е грешка на денешните хидрометеоролози, бидејќи тие не можат да предвидат како ќе се движат циклоните и колку дожд ќе донесат. Тие истражувања се прават многу долго, минимум пет-шест години. Ако сега решиме да ја поправиме грешката од минатото, тој проект би бил готов дури во 2020 годин. Сигурно нѐ очекуваат уште вакви непогоди. Можно уште летоска да се случи непогода слична на неодамнешната – додал Ќуриќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


