Четиринаесет годишно девојче од Скопје пред четири дена било полово нападнато од „Фејсбук“ пријател.
Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка. Според пријавата на 27-ми лицето кое девојчето го започнало на „Фејсбук“ дошло во училиштето каде таа учела, пошто ја повикал и со автомобил ја однел во паркот на Клиничкиот центар.
Таму ги чекало уште едно лице за кое „Фејсбук“ пријателот на малолетничката кажал дека му е брат.
Истите седнале на клупа по што двајцата ја допирале по градите и гениталиите и ја соблекле блузата, а кога сакале да и ги соблечат хеланките, таа со нога удрила еден од нив.
Двајцата потоа ја викнале да дојде и влегле во тоалет на една од клиниките, каде што таа под закана била полово нападната.
Полицијата по пријава на случајот превзема мерки за пронаоѓање на лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


