| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Потребна е трета држава за решавање на спорот за името

antonio-milososki-profil

Ако се сака решение на проблемот, неопходно е вклучување на некоја голема сила во барањето компромис, вели во изјава за Радио Слободна Европа, поранешниот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски.

– Не може да се очекува конечно решение на проблемот за името до самитот на НАТО во септември – оценува Антонио Милошоски, поранешен шеф на дипломатијата. Во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, тој инсистира дека ако се сака решение на проблемот, неопходно било вклучување на некоја голема сила во барањето компромис. Не може, смета тој, да се очекува дека само со притисок врз Македонија ќе се дојде до решение.

– Освен Македонија и Грција, мора да имаме трета, повлијателна и сериозно заинтересирана страна којашто ќе сака да се вклучи во спорот. Дали тоа ќе бидат САД или Германија, Франција или сите заедно или можеби тоа ќе биде Европската комисија на начин како што посредуваше меѓу Словенија и Хрватска, па ќе се овозможи паралелно почнување на преговорите и нивно течење задно со текот на преговорите за решавање на спорот за името, тоа треба да биде одлучено и освен политичката волја во Македонија и во Грција, да има политичка волја и во Брисел и во Вашингтон да се помогне во решавањето на овој спор – вели Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top