Фармацевтската компанија Алкалоид” а.д. Скопје по четврти пат ја доби наградата „Кристално ѕвоно“ за најотворено акционерско друштво котирано на Македонска берза а.д. Скопје, овојпат за 2013 година.
Како што стои во соопштението од компанијата објавено на Македонска берза, наградата беше доделена во рамките на Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2014 година, во организација на Македонската берза а.д. Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност а.д. Скопје, одржана на 16 мај 2014 година.
Оваа награда претставува уште едно признание за нивото на корпоративното управување и корпоративната општествена одговорност, транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста, воопшто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци



