Во поплавените региони низ Србија веќе почнуваат да се регистрираат први случаи на дијареја и висока температура, причинети од лоша хигиена
поради недостигот на чиста вода, пишува весникот „Блиц“.
Во одделни времени центри за сместување има вошки и краста. Епидемиолозите предупредуваат дека постои можност за појава на многу болести по поплавите. Најголема закана се болести, што се пренесуваат од комарци, кои според ситуацијата на теренот, годинава ќе бидат во голем број, наведува весникот.
Нема да биде необично ако во Србија се појават случаи на маларија и западнонилска треска. Стаорците, кои сега се спуштаат во населените места во потрага по храна, носат закана од лептоспироза и хеморагична треска, предупредуваат епидемиолозите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.