Популарниот млад пејач Џастин Бибер по се изгледа дека ноќта ја поминал со ангелот на Викторија Адријана Лима, која неодамна потврди дека се разведува со Марко Јариќ.
Овие тврдења ги дозагреа и фотографијата која пејачот ја објави со моделот на која тие позираат заедно гушнати.
Неколку анонимни извори за „УС Викли“ потврдиле дека Адријана Лима и Џастин Бибер се дружеле во Кан. Сопругата на српскиот кошаркар Марко Јариќ, убавата Лима другарувањето со Бибер го започнала во еден ноќен клуб во Кан, а младиот пејач наводно прв и пришол.
Лима и Бибер цела вечер танцувале заедно и очигледно флертувале, а околу 5 часот наутро заедно заминале од приватната
забава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.