
Докторите во охридската болница се борат за животот на двајца од тројцата повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на патот Охрид – Кичево, во близина на Ново Село.
Повредените се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид и врз двајцата повредени се вршат сериозни оперативни зафати.
Сообраќајот е во прекин на магистрачниот пат, и возачите возат преку локлани патишта за да приклучат на главниот пат. Несреќата се случила околу 18,20 часот.

Очевидци тврдат дека глетката била страотна. Автомобил марка „мерцедес“ удрил во банкина, па во камион. Целосно бил уништен предниот дел. Од ударот на „мерцедесот“ во камионот, едно тркало завршило покрај патот. По сударот „мерцедесот“ се свртел неколку пати и завршил покрај патот. Противпожарната екипа и полицијата употребиле секачи за метал за да ги извадат повредените од мерцедесот.
Камионот е со албански регистерски таблички.
фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


