| четврток, 6 декември 2018 |

„Форбс“: Кои се најмоќните жени во светот?

23102013201320_меркел на телефон

Ангела Меркел, канцеларката на Германија девети пат по ред е прва на листата на американскиот магазин „Форбс“ на листата на најмоќните жени во светот. Меѓу првите 100 се уште и Бијонсе, Анџелина Џоли и Опра Винфри.

Критериумите според кои е направена листата не биле само богатството, туку и социјалното влијание и присуство во медиумите.

Поради ова Опра се уште е најмоќна жена во забавната индустрија и е на 14-то место. Само три места зад неа на 17-то место се наоѓа Бијонсе.

Благодарение на своите филмови и хуманитарна работа Анџелина Џоли влезе во топ 50.

Во првите педесет најмоќни жени во светот се наоѓа и актерката Софија Вергара, комичарката Елен Деџенерис и пејачката Шакира.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top