Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Р.Македонија, Висар Фида во ексклузивно интервју за емисијата Бизнис Канал, која се емитува на холандската телевизија РТЛ 7, ги претстави можностите за инвестирање во земјата.
Во интервјуто Фида ја претставува Македонија како атрактивно место за инвестиции, потенцирајќи ги низата поволностите кои ги добиваат странските инвеститори.
Бизнис Канал е национална и меѓународна програма на РТЛ 7 со висока гледаност каде амбасадори, директори на агенции за инвестиции, економски дипломати од целиот свет отворено ги претставуваат можностите за бизнис.
Исто така на истата емисија гостуваат претприемачи и компании кои имаат можност да ги презентираат своите бизниси пред 250.000 гледачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст