Причина за судирот помеѓу италијанската и српската нарко не бил пазарот на наркотици, туку секс афера, утврдила Миланската полиција која ги пресретнала разговорите во текот на подготовките за апсењето.
Необврзувачкиот секс на еден помалку истакнат член на српската банда со жената на италијанскиот бос Томазо Дијак довело до судир во нарко подземјето во Милано, пишува „Блиц“.
– Ќе го убијам Томазо, ќе го исечам на делови и ќе го фрлам на свињите. Земи го детето и оди на море. Иако мој човек бил со неговата жена, јас ќе ја завршам оваа војна – се слушаво пресретнатиот разговор на еден од водачите на српскиот нарко клан Бојан Џукиќ со сопругата, пишува весникот.
Имено, кога секс-аферата била откриена, Томазо го повикал Џукиќ и неговиот соработник Дејан Џолиќ на состанокот, за да ги израмнат сметките, пренесува „Блиц“.
Меѓутоа, штом излегле од автомобилот, Томазовиот соработник Иван Бафуно пукал и само заради среќа никој не настрадал бидејќи средбата била организирана во близина на основно училиште, каде што во тој момент се наоѓале стотина деца.
Според весникот, миланската полиција го уапсила Џукиќ и Џолиќ, како и Томазо Дијак и Иван Бафун, но и уште тројца нарко шефови.
Џукиќ и Џолиќ ќе бидат обвинети, пишува „Блиц“, за трговија со оружје со кое го снабдувале целиот град Милано.
Првиот човек на српскиот нарко клан Милутин Тодоровиќ, викан Мики, бил уапсен на почетокот на март кога полицијата го пресретнала неговиот камион со кокаин, се наведува во весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.