– Светска банка цени дека минатата година Македонија имаше трет најголем раст на економијата во Европа, дека оваа година ќе има втор најголем раст и следната година еден од најголемите. Тоа е верификација на она што и ние го говоревме и го прогнозиравме. Резултатите се валоризација на целиот вложен труд во минатото да се придвижи економијата во исклучително тешки околности на кризи, светска и европска должничка криза- оцени денеска премиерот Никола Груевски.
Премиерот нагласи дека Владата ќе продолжи со своето темпо и динамика на работа по нејзиното формирање. Ќе продолжи, рече, да биде силно фокусирана на економијата со цел не само да се остварат овие прогнози, туку и да се надминат.
– Заживувањето на економијата во едно вакво време, и тоа со највисоки проценти на раст споредено со сите земји во Европа, говори дека работите во економијата одат во добар правец. Тоа не значи дека немаме проблеми со невработеност и слично, но работите се движат во добра насока. Охрабрени од овие резултати, ќе ги продолжиме политиките со кои доаѓаме до вакви резултати во тешки околности и постојано ќе ги надградуваме со нови идеи, кои веруваме дека дополнително ќе го забрзаат растот, подвлече претседателот на Владата.
Според него, Македонија под водството на оваа Влада секогаш имала добри резултати во растот на економијата.
– Република Македонија под водството на оваа Влада секогаш имаше едни од најдобрите резултати во растот на економијата, па дури и во време на најтешка криза, на пример во 2009 кога имавме пад, тоа беше трет најдобар резултат во Европа, затоа што други имаа уште поголем пад. Значи, за мене не е голема новост тоа што сме меѓу првите според растот на економијата затоа што тоа го имаме континуирано во изминатите години, но ме радува што Светската банка тоа го прогнозира и за оваа и за следната година, додаде премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


