| четврток, 6 декември 2018 |

Дебармалци прашуваат: Каде се паркобраните?

Исечени дрвјата на улицата „Ѓорги Пешков“ во скопско маало. Дебрамалци утрово беа изненадени од сликата на новната улица. Дрвјата стари десетици години повеќе ги нема. Со моторни пили се сечеја старите стебла. Жителите од улицата реагираат на сечата.
-Која е причината да се исечат дрвјата. Тоа се стари дрвја, ги паметам уште како дете дека беа тука. Правеа неверојатна сенка, ја разубавуваа улицатам даваа посебен белег на маалото. Утрово слушав моторни пили. Кога искочив бев запрепастен. Се прашувам каде се сега паркобраните? Каде е еден од нивните организатори, кој беше најгласен за време на сечењето на дрвјата кај хотелот „Бристол“. Сега се обезличува неговото маало, неговата улица а тој е нем. Живее тука, две куќи подолу. Никаде го нема. Туѓото го браниме, нашето го даваме. Или тука нема политички интерес за да се излезе на улица и да се прави врева – коментира жител на улицата „Ѓорги Пешков“ во скопско Дебар Маало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top