| четврток, 6 декември 2018 |

Успешно слета ракетата „Сојуз“ на Меѓународната вселенска станица

RUSSIA-KAZAKHSTAN-BAIKONUR-MALAYSIA-US-SPACE
Руската ракета „Сојуз“ со тричлен екипаж успешно слета денеска на Меѓународната вселенска станица.
Тричлениот екипаж во состав на пензионираниот потполковник на руските воздухопловни сили, астронаут Максим Сурајев, астронаутот на НАСА и пилот на американската морнарица Рид Вајсман и германскиот астронаут и геофизичар Александар Герст полета од космодромот Бајконур во Казахстан.
Контролата на мисијата во Москва му честиташе на тричлениот екипаж за успешното слетување по шестчасовен лет.
Тројцата астронаути се придружуваат на двајца Руси и Американец, кои од март се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица.
Вселенските агенции на САД и Русија продолжуваат да соработуваат наспроти тензиите меѓу двете земји поради украинската криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top