| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Илиевски стана шампион на Чешка

Македонскиот кошаркар во редовите на Нимбург Владо Илиевски на импресивен начин ја заврши сезоната во чешкото првенство освојувајќи ја титулата со својот клуб без пораз.
Тој во финалето со своите соиграчи го победи Простејов со чисти 3-0 во победи. Последниот натпревар играчите на Нимбурк го победија со 34 разлика (97-63). Натпреварот ббеше решен уште по првото полувреме кога Илиевски и соиграчите имаа предност од 27 разлика. Поранешниот репрезентативец на вчерашниот натпревар забележа шест поени и три асистенции за помалку од 20 минути игра.
Ова е 11 титула за Нимбурк. Илиевски со овој трофеј се израмни со Кире Лазаров освојувајќи национални првенства во четири држави.
Тоа претходно му успеваше со Унион Олимпија во Словенија, Барселона во Шпанија и Монтепаски во Италија.
Лазаров, кој имаше перфектна сезона без пораз со Барселона има ракометни титули во Шпанија, Унгарија, Хрватска и во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top