| четврток, 6 декември 2018 |

Почина поетесата Маја Ангелоу

renowned-author-poet-maya-angelou-dies-at-86

Авторката и поетеса Маја Ангелоу почина на 86 години, соопшти Универзитетот Вејк Форест, каде таа беше професор.

Таа доби големи признанија за првата книга, нејзината автобиографија, „Знам зошто заробената птица пее”, со што стана првата Афроамериканка која напишала бестселер.

Таа беше избраната поетеса да чита поезија на првата инаугурација на претседателот на САД Бил Клинтон во 1993 година. Таа ја напиша и ја прочита оригиналната песна „На пулсот на утрото”, што се продаде во милионски тираж. Во 1998 година, таа го режираше филмот „Низ Делтата”, за жена зависничка од дрога која се враќа во домот на своите претци во Мисисипи Делта. Беше ментор на Опра Винфри, со која стана пријателка додека таа беше локален тв новинар, и често гостуваше во нејзините емисии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top