Двајца 56 годишн битолчани вработени во ЕВН Македонија, добиле ќотек од фамилијата во чија куќа интервенирале.
Таткото Т.Ј. и синот П.Ј. ја заклучиле екипата на ЕВН во салонот од нивната куќа и почнале да ги навредуваат и да им се закануаат. Т.Ј. во еден момент отишол да си го земе и пиштолот, но, за среќа неговата сопруга го спречила во намерата. Старецот се збеснал и почнал да ги тепа двајцата битолчани.
Вработените на ЕВН во еден момент успеале да го пронајдат клучот од влезната врата во куќата, да отклучат и да побегнат од местото.
По целосното документирање на настанот против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


