| четврток, 6 декември 2018 |

Нема простор за паника – ќе наварнат 20 литри на метар квадратен, но за 12 часа

_Upload_Vesti_dozd-630x404_20138289349

Уште во раните часови од четврток нé очекува наоблачување. Претпладне сепак ќе има и сончеви периоди, но попладне се очекува позначително наоблачување кое ќе резултира со дожд кој ќе биде поинтензивен во текот на вечерта и ноќта. Официјалната прогноза на УХМР наговестува 20 литри на метар квадратен наврнат воден талог, но во период од околу 12 часа, почнувајќи од утревечер. Појавата на грмежи ќе биде ретка и се очекува повеќе во јужните краишта.
Минималната температура како и претходните денови во поголем дел од Македонија како ќе има вредност околу 12°С – вели прогнозата на Метеопро.

Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе бележи тренд на намалување. Максимална температура околу 21°С се очекува во котлините во западниот регион, и околу 24°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална до 27°С.

Во Скопје се очекуваумерена облачност претпладне, попладне ќе настапи зголемување на облачноста, а вечерта и ноќта ќе бидат врнежливи. Минималната температура ќе има вредност околу 12°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 24°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top