Пратениците од коалицијата предводена од СДСМ денеска поднесуваат оставки во Собранието.
Денеска во 14 часот од пред Sобранието ќе се обрати и првиот опозиционер Зоран Заев. Досега, сите кандидати за пратеници до ДИК доставиле изјави потпишани на нотар дека ги враќаат мандатите.
Меѓу оставките на пратениците нема да се најде онаа на Роза Топузова Каревска од ЛДП, која за Утрински весник и официјално потврдила дека ќе остане пратеник, бидејќи како што рекла не верува во вонинституционална битка против режимот.
Освен Топузова Каревска, според партиски извори во СДСМ виси и оставката на Солза Грчева.
Грчева на вчерашниот состанок со раководството на партијата, најавила дека најпрвин ќе почека сите 120 кандидати од опозицијата да не ги прифатат мандатите, па потоа ќе одлучи дали ќе поднесе оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



