Во јавниот повик беше предвидена финансиска поддршка за авио-превозник што ќе ги исполни условите утврдени во барањето и ќе понуди најнизок износ на финансиска поддршка, по патник во пристигнување.
Од локалната самоуправа информираат дека по поминувањето на сите законски процедури и рокови поврзани со овој повик, планирано е да биде распишан нов јавен повик за субвенционирање на истата авио-линија.
Инаку, според условите на минатиот повик, новата авио дестинација требаше да биде постојано опслужувана по однапред определен ред на летање. Корисникот што ќе ја добие финансиската поддршка требаше да воведе лет на релација Охрид – Лондон, со два лета седмично во периодот од 15 јули до 15 септември годинава, како и во текот на целите 2015 и 2016 година.
Притоа операторот требаше да обезбеди превоз за најмалку 9600 патници годишно или минимум 800 на месечно ниво, во целиот период на користење на финансиската поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ќе објави трет повик за нускобуџетните авиокомпании, но со олеснети критериуми
-
Откажани летовите од Германија за Македонија, голем штрајк во Германија
-
Кога си роден под среќна ѕвезда: Може да летам со ваучер стар 19 години? Може, нема проблем
-
Поради снежното невреме откажани се голем број летови низ Европа



