
Заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев денеска ќе ја отвори дводневната регионална обука од областа на меѓународно хуманитарно право, насловено „Соочување со современи безбедносни предизвици преку почитување на меѓународното хуманитарно право: операциите на НАТО предводени за да се спротивстават на хибридни и на кибернетски закани“.
Обуката е во организација на Секторот за човечки ресурси при Министерството за одбрана и на неа ќе учествуваат претставници од државните институции МВР, МНР, ЦУК, ДЗС, МИОА, МТСП, ДБКИ, Агенција за разузнавање, Управа за финансиско разузнавање, како и учесници од министерствата за одбрана на земјите од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


