| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме, град и поплава и во Загреб (ФОТО)

Силен дожд, грмежи и ветер го погодија денеска Загреб. Невремето во главниот град на Хрватска започна околу 11 часот претпладнево, кога неколку улици беа затворени поради надојдената вода, а почна да паѓа и град со големина на орев.

Пожарникарите ги спасуваа граѓаните кои со автомобилите заглавија во водата, која според неофицијалните проценки, достигна и до 75 сантиметри висина. Поплавени се и голем број на подруми, а пожарникарите им помагаат на граѓаните да ја испумпаат водата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top