| четврток, 6 декември 2018 |

Експо 2015: Почнува градбата на архитектонското чудо во Милано (фото)

expo

Вистински архитектонски чуда ќе бидат претставени на Светската изложба во Милано, „Експо 2015“ која ќе се одржи од 1 мај до 31 октомври 2015 година, но „Палата Италија“ која ќе биде изградена за потребите на изложбата веќе го одушеви светот.

expo1

Станува збор за структура составена од шест ката која создава сопствена енергија и го прочистува воздухот. Павилјонот се наоѓа на површина од 13 илјади квадратни метри и ќе биде направен од повеќе од 900 панели со фасада од посебен цемент кој го ќе го прочистува воздухот од смогот.

expo2

Градбата, која ќе остане во Милано и по завршување на изложбата, ќе биде поделена на четири блока, поврзана со мостови, а во тој простор ќе се одржуваат изложби, настани и конфренции. Ќе има и ресторани, но и голема градина во која посетителите ќе може да уживаат.

expo4

Во рестираните ќе се служи храна која била одгледувана во градината на Палата Италија.

На стаклениот покрив ќе има фотонапонски систем за да се добие соларна енергија.

expo5

Светска изложба е името на манифестацијата која во вид на саем или изложба се одржува од средината на 19. век до денес. Вообичаено име за светска изложба е „експо“. Идејата е сите земји да добијат шанса да му го покажат на светот својот поглед на некоја зададена тема. Земјите учеснички, заедно со зададената тема, го уредуваат просторот по сопствена желба во одвоените павилјони. Такви се на пример Ајфеловата кула во Париз и Атомиумот во Брисел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top