Неонацистичката грчка партија Златна зора ќе има свои претставници во идниот состав на Европскиот парламент, покажуваат последните анкети според излезноста на гласачите за европските избори кај нашиот јужен сосед.
Според последните анкети од излезноста во Грција, што синоќа ги лиферуваше прес-службата на Европарламентот, СИРИЗА на Алексис Ципрас освојува меѓу 26 и 30 проценти, пред владејачката Нова демократија на премиерот Андонис Самарас со 23-27 проценти од гласовите.
Изненадувачки, на трето место засега е Златна зора со десет проценти од гласовите. Тоа значи дека во новиот состав на Европскиот парламент, од 21 пратеничко место за Грција, неколку ќе бидат обезбедени за неонацистите, што создава главоболки во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



