| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје танцуваше (фотогалерија)

Танцов натпревар во пет категории стандардни танци и пет категории во латино танци се оддржа вчера во спортската сала „Независна Македонија“ во Општина Кисела Вода. На државното првенство, во организација на „Прима Данца“, учествуваа шест клуба од земјава, а им судеа судии од Бугарија, Србија, Црна Гора и Македонија.

Меѓу останатите учество зема и каратистката Наташа Илиевска и нејзиниот партнер од „Танцот со ѕвездите“, Даниел. Тие го освоија второто место во категоријата стандардни танци – возрасни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top