
Храброто момче кое беше тешко повредно откако им помагаше на соседите во Босна за време на поплавите, почина денеска на клиниката во Џенова, Италија, соопштија медиумите од Босна и Херцеговина.
Мерсад Курталиќ починал утринава, како последица на неподносливите болки.
Мерсад се здоби со тешки повреди помагајќи им на соседите за време на поплавата која ја зафати Босна и Херцеговина. Неофицијално, тој влегол во гаражата во која се наоѓа агрегат. Се обидел да го изнесе и да им помогне на соседите да добијат струја. При палење на запалката во објектот каде што се наоѓал агрегатот, експлодирале канти со бензин, а момчето се здобило со тешки изгореници. Изгорен бил и неговиот респираторен систем, поради што не можел самостојно да дише и бил приклучен на апарати.
Курталиќ бил хоспитализиран на Клинигата за ургентна медицина во Сараево, од каде со специјален авион бил пренесен во Џенова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


