Драги пријатели, родители, мајки дали мислите дека ова девојче претставува опасност за средина?- Точно дека таа уште не зборува, но дали тоа ја прави жртва за навреди,па таа има само 4 години. Пред околу година е испишана од градинка!Сигруно се прашувате зошто! – Кога ја запишував во градинка им напоменав дека Ања е малку поразлична, дека забележав како таа заостанува во развојот за разлика од нејзиното братче близначе, а тие наместо да излезат во пресрет и да покажат сочувство и разбирање си бараа секаков изговор за да ја избркат! Која беше најголемата иронија? – Покрај тоа што нејзината негователка ја фалеше, зборуваше за тоа дека Ања е послушна еден ден ја осудија затоа што се приближила до своето другарче да побара чоколада, јас им посочив дека Ања не смее да јаде чоколада, а децата пред заминување дома добиваат по едно чоколадо и како секој нормален човек Ања посакала чоколада и се приближила на другарчето да моли за чоколада, а тие ја обвинија за погрешно однесување, жалосно. Ања поседува документи од Скопје во кои се налага задолжително посетување на градинка за целосна социјализација на Ања, но тие документи овде во Штип не важат за неа, наводно овде напишаа некоја дијагноза со која по закон таа не би смеела да оди на градинка за да не би го загрозувала престојот на останатите дечиња таму.
Драг директоре,јас читам секојдневно, прочитајте и вие, дете на мала возраст без разлика на степенот на попреченост има право на престој во градинка! А тие на сето ова излегуваат со изговор дека давајќи право на Ања да оди во градинка им ги одзема правата на другите дечиња да бидат во нормални услови. Драги мои Ања не е болна, сета милост и добрина е во неа, извинете но морам да се спуштам на ваше ниво но вие не сте достојни Ања да биде помеѓу вас. И за нас сонце ќе огрее само што ниската интелегенција и свест никој не може да ви ја одзеде, чувајте си ја до крајот на животот! ЕДИНСТВЕНО ВЕ МОЛАМ НЕ ЗАГРОЗУВАЈТЕ ГО ПРЕСТОЈОТ НА НЕЈЗИНОТО БРАТЧЕ ВО ГРАДИНКА, зошто доколку само забележам поинаков однос со него дури тогаш ќе дознаете што значи мајка која се бори за своите најмили и ова не го пишувам под емоции туку под чиста свест зошто само мајка знае колку боли болката на своето. Упатувам поздрав до сите мајки и родители секој добар збор и подржка ми значат многу,јас можам се да издржам,но ова моја мала принцеза не заслужува такви навреди и отфрлања,сите оние кои ја познаваат ја знаат нејзината безусловна љубов. Ања обожава гушкање, Ања обожава дружење, таа е прекрасна. Немам намера да предизвикам сожалувања, немам никаков комплекс дека патиме од нешто лошо, Бог да не чува има многу полошо и сум свесна дека сме израснати во такво општество со предрасуди кон таквите деца и дека тие мајки биле осудени на срам,а со тоа изолирајќи ги своите деца од далеку од реалноста и сега сета таа ниска свест се обидуваат да ми ја наметнат и мене, не мили мои не можете да ме натерате мене да се срамам од сопственото дете и да ме осудувате за нешто за кое ние не сме виновни. Ова се однесува на нашето ШТИПСКО здравство, а за се понатаму секој нека си одговара засебно и сум свесна дека сама не можам да променам ништо но се надевам дека барем ќе успеам да најдам разбирање и утеха од сите вас, со почит ожалостената мајка!
Извор: Во Штип
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)
-
Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка
-
Родителите и негувателките дале изјави за настанот во градинката „Буба Мара“
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка