| четврток, 6 декември 2018 |

Турската драма „Зимски сон“ ја освои „Златната палма“ во Кан (фотогалерија)

Главната награда на овогодинешниот 67. Меѓународен филсмки фестивал во Кан „Златна палма“ ја освои турската драма „Зимски сон“ (Winter sleep) на Нури Билге Џејлан.

Наградата за најдобар режисер отиде во рацете на Венет Милер за „Foxcatcher“, за најдобра актерка Џулијан Мур за улогата во филмот „Мaps to the Stars“ на Дејвид Кроненберг, додека за најдобaр актер е прогласен Тимоти Спал за улогата во филмот „Мr. Turner“ на Мајк Ли.
Награда за најдобро сценарио припадна на Андреј Звјагинтцев и Олег Негин за филмот „Leviathan”.
Наградата на жирито припадна на филмот „Mommy“ на Хавиер Долан и „Goodbye to the Language” на Жан Лик Годар.
Гран при на Канскиот фестивал освои филмот „The Wonders“ на Алис Рорвахер.
Поради одржување на европските избори, наместо традиционално во недела, 25 мај, овогодинешниот 67. фестивал во Кан е одржан еден ден порано.
Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top