| четврток, 6 декември 2018 |

Сончево предпладне, врнежливо попладне

dozdot-zblizuva-g

Нестабилното време продолжува и денеска. Сепак, не станува збор за особено интензивни процеси, туку за локален развој на облаци кои ќе донесат краткотраен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во крајните источни делови од земјата, додека во западните краеви развојот на облаци ќе биде помал, со поретка појава на краткотраен дожд.

Минималната температура во поголем дел од Македонија како и претходните денови ќе има вредност околу 11°С.

Максимална температура околу 27°С се очекува во котлините во западниот регион, и околу 28°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална околу 30°С.

Во Скопје се очекува претежно сончево време претпладне, а попладне ќе има развој на облачност која ќе донесе врнежи кои повремено и локално ќе бидат поинтензивни. Минималната температура ќе има вредност околу 12°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 29°С.

Повеќе детали на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top