Германскиот возач во тимот на Мерцедес во Формула 1 Нико Розберг е победник во денешните квалификации за пол-поцизијата за големата награда на Монако што се вози низ улиците на Монте Карло.
Тој успеа за само 59 илјадити делови од секундата да го победи својот клубски колега Луис Хамилтон кој е лидер во генералниот пласман со само три бода од денешниот победник.
Од вториот стартен ред ќе стартуваат возачите на Ред Бул кој беше неприкосновен во последните четири години Даниел Рикардо и Себастијан Фетел. По нив ќе стартуваат возачите на Ферари Фернандо Алонсо и Кими Раиконен.
На првите шест места се наоѓаат дури четворица поранешни шампиони од најбрзиот „циркус“ во светот со што се најавува возбудлива трка до последниот круг.
Розберг ја доби довербата од тимот во пресрет на оваа трка со што потпиша нов двегодишен договор и ги урна сите шпекулации дека на крајот од оваа сезона ќе си замине од тимот и на негово место ќе дојде возачот на Ферари Фернандо Алонсо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.