| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепски фризер потстрижува на слепо (ФОТО)

Со заврзани очи и со оган потстрижува и фризира 21-годишниот  прилепчанец Тодор Тодороски. Без сетило за вид, создава уметнички дела од косите на девојки. Нема големо искуство, туку со вештите брзи прсти ја совладал техниката за слепо стрижење. Инспирација бил облог. Ги заврзал очите и создал фризура со која била задоволна и муштеријата и го зел облогот.

– Да стрижам со заврзани очи ме поттикна мајтапчискиот муабет на еден муштерија. Ми вели, “Можеш, не можеш, за обложување”. Го прифатив предизвикот. Со очите залепени со ханзапласт, не гледав прст пред око.  Во целосен мрак ги наредив ножичките, апаратчето за кратење коса, прскалката на место и тргнав во акција. Претпазливо, само со допир со дланките и прстите, рутински го поминав стрижењето со машинка, зашто имам чувство за препознавање на физиономијата на главата. Во потешкиот дел, со прстите мерев милиметри и сантиметрите за да “удрам” со ножичките. За 20 минути, внимателно, така речи прамен по прамен, ја скусив косата по стандардната процедура со висок квалитет. Муштеријата за тест беше задоволен. Му ја суредив главата и му ја дотерав фризурата, небаре креирана на  за  моден магазин – објаснува Тодороски.

Целиот текст во „Дневник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top