| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија безбедна од заразите на Балканот и појавата на алфатоксин

По најавената опасност од појава на афлатоксин во пченката и млекото и болести кај животните во земјите зафатени од поплавите, од македонската Агенција за храна и ветеринарство уверуваат дека конторолните механизми за увоз се на високо ниво, пишува „Фактор“. Од Агенцијата велат дека нема опасност од увоз на млеко или пченка со афлатоксин, бидејќи мерката за зајакнати контроли при увозот на млеко и пченка од Србија, Босна и Херцеговина и од Хрватска, која се воведе пред година и половина, сѐ уште е на сила.

Во вакви случаи секако дека наметнуваат зајакнати контроли, но контролните механизми за афлатоксин во млекото и пченката и сега се зајакнати. Ги воведуваме уште пред година и половина кога се случи првиот онцидент, и од тогаш сеуште не се повлечени односно сеуште се на сила. Просто кажано тоа значи дека секоја пратка на млеко и млечни производи која што доаѓа од овие земји односно Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска сеуште подлежи на задолжително испитување за присуство на афлатоксин и не се пушта во промет се додека не стигнат резултатите од лабораториските анализи. Доколку анализите се добри пратката се пушта во промет, а доколку не се добри реузлтатите, пратката се враќа или се уништува. Така што апсолутно нема можност да ни се повтори она што ни се случи пред година и половина – вели директорот на агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

Од Агенцијата велат дека не само што нивните инспектори на граница вршат контроли, туку во целиот механизам е вклучен и Државниот инспекторат за земјоделство. Уверуваат дека состојбата постојано се прати, но дека, сепак, во вакви случаеви се подига нивото на контрола.

Целиот текст на „Фактор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top