На средбата стана збор за досегашната соработка во областа на културата, како и за идните активности со кои би се продлабочиле културните врски помеѓу двете земји. Двајцата министри заклучија дека врз база на досегашната Програма за соработка помеѓу Република Македонија и Република Италија во областа на културата, образованието и науката се реализирани бројни проекти кои упатуваат и на потпишување на посебна програма за култура заради обемот на проектите и активностите.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска му се заблагодари на министерот Франческини за поддршката на италијанската Влада, која заедно со Регионалното биро на УНЕСКО од Венеција, оваа година ќе финансира посебна обука за македонските експерти од областа на недозволената трговија со културното наследство. Оваа обука ќе се реализира во соработка со Министерството за култура на РМ, Министерството за внатрешни работи, царинските управи и италијанските карабињери.
Министерката за култура на средбата ја акцентираше и одличната соработка која Министерството за култура ја има со Амбасадата на Република Италија во Скопје со која во следниот период ќе се реализираат заеднички активности по повод претседавањето на Италија со Европската Унија.
По упатената покана од страна на Канческа-Милевска, нејзиниот колега да ја посети Република Македонија, Фраческини изрази подготвеност да присуствува на отворањето на изложбата на мозаиците на Јустинијан од Равена, која во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија ќе се реализира во октомври 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст