Русија распореди сили чијашто бројност во НАТО ја проценуваа на 40 илјади војници од разни родови, во регионите коишто граничат со источните области на Украина каде што проруската мнозинска заедница којашто се залагаше за федерализација на земјата и не ги признава прозападните власти во Киев кои дојдоа на власт по безредијата во февруари, пред две седмици прегласија две независни држави.
Властите во Киев и Западот кој ги поддржува, сметаат дека споменатите руски единици претставуваат потенцијална опасност за инвазија во југоисточните региони на Украина, особено откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија има право да интервенира за да ги заштити животите на своите сонародници и рускојазичното население.
Запрашан дали Русија ќе го послуша повикот на Западот да ги повлече војските од границата со Украина, Антонов за Reuters изјави дека „тие ќе се уверат во тоа сто отсто, зад себе нема да оставиме ништо”.
Додал дека Русија веќе со дваесетина транспортни авиони и дваесетина товарни железнички композиции ги повлекла своите војници и воената опрема од регионите на Ростов, Белгород и Бријанск, откако како што прецизирал, во тие области завршија воените вежби.
Целосното повлекување на руските сили разместени во регионот би можело да биде спроведени „во рок од неколку дена”, додал Антонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст