| четврток, 6 декември 2018 |

Во овој град одите на сопствена одговорност и никако не влегувајте без маска

Обреновац е поплавен за само 45 минути. Водениот бран стигнал тувко и подмукло, нагло се претворил во голем бран кој носел се пред себе. До моментот додека се огласиле сирените, средиштето на градот веќе било под вода, а некаде достигало и до три метри. Поголемиот дел од населението спиеле.

Евакуацијата беше масовна и хаотична, чамци со спасени се превртуваа, луѓе висеа на мостови, некои сами скокаа во вода, а бебиња од покривите на куѓите беа транспортирани со хеликоптери.Долу, длабоко под нив останаа потопени автомобили, кои носени од силата на водата удираа во зградите. Многумина одбиваа да се евакуираат, одбиваа да си одат иако им претела смрт. Залудно доаѓале хеликоптери и по неколку пати.

Во поплавите во Србија досега официјално има 33 мртви, а во Обреновац и околината состојбата е најтешка. Целата општина е полна со животински мрши, град од дваесеттина илјади луѓе само триесет километри од Белград, потполно е давстиран.

Во меѓувреме водата се повлекува, но зад себе остави животински мрши, ѓубре и одвратен мирис. Опасноста од епидемии е на највисок степен. Ова место сеуште мириса на смрт. Градот официјално сеуште е блокиран и во него накратко ги пуштаат само сопствениците на продавниците за со полицијата или форензичарите да ја потпишат утврдената штета. На обичните граѓани сеуште не им е дозволено да се вратат. Влезниот пункт е блокиран од воени транспортери и полициски возила. Хотелот во близина е претворен во гкавен штаб. Внатре има полска болница, прифатен центар за евакуираи и главното седиште на полицијата и војската. Не препорачуваат влез без маска.

– Ова што го гледате сега е детска игра наспроти тоа што беше пред пет дена, вели Никола Флањак од АТЈ Лучко. Хрватски, српски, македонски, руски и црногорски специјалци тргнаа во драматични акции за евакуација на градот. Од рано наутро до полноќ со чамци извлекуваа луѓе.

Спасивме многу луѓе, ни самиот не знам колку. А изминатиот викенд беше најлошо, велат интервентните полицајци.

– Влегуваш во чамец и извлекуваш деца од првиот, третиот кат, од покривот зависи до каде дошла водата. Во чамецот се деца, жени, бебиња. Сите плачат, преплашени се. Тоа се ужасни сцени.

Хрватите, Црногорците, Македонците и Русите сите носат свои униформи, и предворјето на хотелот Обреновац изгледа како во него да се одржува воен самит.

Српските власти на медиумите им забранија самостојно да влегуваат во градот. Со воени транспортери или повремено може да влезат само во некои делови од градот кои не се повеќе загрозени. Значи на сопствена одговорност може да влезете сами и никако без маска.Обреновац по повлекувањето на водата е град на духови. На средината од паркот, токму под споменикот е насукан автомобил полн со вода. Блиското училиште е опкрушено со езеро каде на средината ѕирка бистата на Јован Јовановиќ Змај. Фудбалскиот стадион е потопен до врвот на трибините.

Прашање е само што ќе се најде кога ќе се повлече водата. Најревносни во чистењето се Кинезите. Цело семејство трпеливо молчејќи ја чистат стоката од својот дуќан.

Овде сеуште нема вода ни струја. Повлекувањето на водата како да ја однесе и надежта. А истите овие слики кога водата ќе почне да се повлекува ја чекаат Славонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top