| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачки снимки од измачувањата во Сирија

Нов серијал фотографии на кои се прикажува колку бритално власта се пресметува со бунтовниците во Сирија, а во сопственост на агенцијата „Анадолија“, на барање на Обединетите нации денеска им беа предадени на надлежните во оваа организација, објави „А џезеира“.

656x332

Новите фотографии прикажуваат свирепи злосторства во Сирија додека Советот за безбедност се изјаснуваше за нацрт резолуцијата за процесуирање на злосторствата во Сирија на Меѓународниот кривичен суд.

1

Хасан Хусеин Косгер, главен уредник на регионалната дирекција на Анадолија за САД, ги предал фотографиите на Комесариатот на ОН за човекови права кој е сместен во седиштето на ОН во Њујорк. Официјалните лица рекоа дека фотографиите ќе бидат проследени и во Женева и ќе бидат детално анализирани. На лично барање на амбасадорот на Франција во ОН, Жерар Арауд фотографиите му се предадени и нему.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top